Новогодишна честитка за тешки времиња
100.00 ден.
Новогодишна честитка за тешки времиња, кога се нема за поклони, со димензии: 175х250мм
- Шифра: P000002
- Статус: На залиха
Често се купува заедно
Да го разбудиме малку новогодишниот дух од детство кога норма беше да се има руска салата и црн и жолт сок, а не во која кафана ќе се уплати и дали ќе имате нов фустан што скроз таман легнува додека на плоштад рокаат петарди и ти свиркаат пивнати луѓе.
Се сеќавате кога си одевме по гости да си честитаме и на децата ни носеа пакетчиња, немаше потреба од скапи подароци и тутнување кеси по кафичи.
И за мене секогаш најомилениот дел честитките! Во школо под клупа, по пошта, во ранец… а бе најголемата среќа.
Честитка за тешки времиња, кога се нема за поклони... Абе да имаш нешто за „отстрамување“...
Честитката е изработена од 300 грамска хартија, со колор принт напред и назад, празна вратре за да можете да си се распишете од душа.
Димензии: 175х250мм
| Тип на производ | Производ |
|---|---|
| Испорака | Достава до адреса, Подигни од Анекта |
Можеби ќе ве интересира и...
Новогодишна честитка со Анекта
100.00 ден.
Новогодишна честитка со руска салата
100.00 ден.
Поддржи ја Анекта
Вашата поддршка е клучна за опстанокот на Анекта, меѓутоа, свесни сме дека многумина се соочуваат со финансиски предизвици.
Затоа, ако не можете да се претплатите или да донирате, споделете нè со вашето семејство и пријатели, следете нè на социјалните мрежи и вклучете се во нашата заедница.
Секое споделување, лајк и коментар помага да ја прошириме нашата мрежа.