Анекта Анекта
  • Гледај
  • Стримови
  • Читај
  • Shop
  • Пријави сторија
  • Претплати
    • Кошничка


        Кошничка
        Мои нарачки
    Мени
    • Гледај
    • Репортажи
    • Поткасти
    • Shorts
    • Читај
    • Shop
    • Пријави сторија
    • Претплати се
    • Пребарај
    • Кошничка
    • Најави се
    1. Почетна
    2. Колумни
    3. 35 години зависност ... од Македонија
    IMG_9406

    35 години зависност ... од Македонија

    Објавено: 08.09.2026 | Коментари

    Кога човек ќе влезе во зрели години, почнува да ги брои сметките што му ги испорачува животот, но и оние што тој самиот му ги должи на времето. Оваа година, сакале или не, нè затнаа со математика. Се вртиме околу цифрите како ошашавени аритметичари на сопствениот умор: 123 години од Илинден и 35 години од онаа независност која, ако ги прашате оние што секојдневно го дишат овој воздух, одамна се претвори во својата најверна форма - 35 години чиста, тешка и неизлечива зависност. Од Македонија.

    А во таа нумерологија на нашата национална драматика, некако чудно ни побегна четворката. Како наменски да сме ја избришале од дневникот, за да направиме место за нашата омилена, балканска скала на вредности.

    А можеби и не ја избришавме ние, туку едноставно ни испадна од раце додека трчавме по подобро утре. Затоа што кај нас, за жал, животот ретко оди по ред. Секојдневието нè научи да прескокнуваме чекори, да се снаоѓаме од денес за утре и да живееме меѓу големи надежи и уште поголеми разочарувања. Кога човек ќе остане сам со своите мисли, сфаќа дека од таа трка ни остана само еден искрен, човечки дневник на преживување.

    Дневник во кој ги запишуваме оценките за сè она што ни го одбележува животот во овие 35 години:

    Единица (1) за образованието и здравството. Кец… Не преодна, туку онаа црвена, дебела единица со која ве враќаат на поправен испит во август. Само што кај нас август трае три децении. Отидовме во болница да бараме лек, а ни дадоа рецепт за трпение, ги пративме децата во училиште за да научат да мислат, а ги научивме како најбрзо да си купат карта во еден правец.

    Двојка (2) за судството. Доволен (2). Едвај измолена двојка, купена со врски зад затворени врати, подарена за мир во куќа. Правдата кај нас го изгуби превезот, си стави наочари за сонце и почна да гледа низ прсти, зависно од тоа кој колку ќе понуди на нејзиниот кантар.

    Тројка (3) за културата. Добар-три(3). Златна средина на еден народен инат. Културата кај нас преживува благодарение на системот. Таа е оној пркосен цвет што никнува од асфалтот: малку му треба, а дава сè што има, додека сите околу него се чудат како сè уште не се исушил.

    И на крајот, Петка (5) за НИШТО. Чиста петка, со ѕвездичка! Затоа што во ништото сме професори, академици, доктори на науки. Сме докторирале на празни ветувања, на шарени лаги, на „ќе биде“ што никогаш не доаѓа. Никој како нас не знае од ништо да направи цел политички систем, а од сè што имавме - да направи едно големо ништо.

    И сега, четворката ни фали затоа што таа е бројката на стабилноста, на четирите постаменти, на четирите страни на светот, на куќата што има цврсти темели. Ние ја прескокнавме четворката за да стигнеме побрзо до петката на ништото.

    И ете, по 35 години, сè уште сме тука. Зависни од овој парче земја како од најтежок опијат. Пцуеме, се жалиме, ставаме единици и двојки, а кога ќе дојде редот да си заминеме од неа, сфаќаме дека Македонија не е држава, туку една непреболена љубов. А од нејзе, мој читателу, не се бега со пасош, туку таа се носи длабоко под кожата, на средината на срцето…

    Даница Среткоска

    Колумнистка во Анекта.мк

    Продолжи со читање...

    Поддржи ја Анекта

    Вашата поддршка е клучна за опстанокот на Анекта, меѓутоа, свесни сме дека многумина се соочуваат со финансиски предизвици.

    Затоа, ако не можете да се претплатите или да донирате, споделете нè со вашето семејство и пријатели, следете нè на социјалните мрежи и вклучете се во нашата заедница.

    Секое споделување, лајк и коментар помага да ја прошириме нашата мрежа.

    Претплати се Донирај
    Subscribe on YouTube
    Follow on Facebook
    Follow on Instagram
    Анекта Лого
    • Почетна
    • Репортажи
    • Поткасти
    • Колумни
    • Shorts
    • Shop
    • Претплати се

    • За нас
    • Маркетинг
    • Соработки
    • Продукција
    • Настани / Говорење
    • Кариери
    • Импресум
    • Контакт
    • Услови за користење
    • Политика за приватност
    • Политика за рекламации
    • Методи за наплата
    • Корисничка поддршка
    • Пријави сторија
    • Предложи гостин
    • Facebook
    • Instagram
    • YouTube

    © Anekta.mk | 2023 - 2026 | Сите права се задржани.

    Оваа веб-страница е изработена од Блинк маркетинг и медија ДОО Скопје