Анекта
Таа што раскажува...
Анекта
Сопствена именка, женски род
- 1. Платформа која ги раскажува приказните што заслужуваат да бидат слушнати;
- 2. Платформа која ги открива заборавените места и приказните кои се кријат во нив;
- 3. Таа што раскажува.
Првата приказна...
Приказната за Анекта
Анекта започна на 15ти септември 2023 година, како поткаст што ги истражуваше животните патишта на извонредни индивидуи. Изминативе години, Анекта еволуираше во медиумска платформа што вклучува теренски репортажи и настани, со мисија да истакне незабележани приказни кои инспирираат и ги поврзуваат заедниците. Нашиот фокус се луѓето што ги прикажуваме, приказните што ги раскажуваме и да бидеме глас на невидливите.
Скромните почетоци...
Анекта беше основана со едноставна идеја во една скромна дневна соба: да споделува автентични животни приказни кои често остануваат незабележани. Започнувајќи со малку опрема и голема страст, ние се посветивме на истражување на животите на интересните луѓе околу нас.
Во с'ржта на македонската култура и традиција е дневната соба, местото каде што се споделуваат приказни, се разменуваат искуства и се создаваат врски. Место каде што се чувствува топлината на домот и се создаваат спомени. Место каде се слават слави, се собираме на трпеза и споделуваме радости и таги.
Анекта е токму тоа – нашата дневна соба, каде што ги споделуваме приказните на луѓето кои ги среќаваме. Секој разговор, секоја епизода и секоја репортажа е како нова страница во нашата заедничка книга на животот.
 
                        Нашата мисија и вредности
Наша мисија е гласно да ги раскажеме приказните кои заслужуваат да бидат слушнати, да ги истакнеме луѓето кои го менуваат светот околу нас и да ги поврземе заедниците преку автентични и инспиративни содржини.
Автентичност
Веруваме во моќта на автентичните приказни и искрените разговори. Сакаме да ги истакнеме луѓето, без сензационализам и манипулација.
Креативност
Ние веруваме во моќта на креативноста да инспирира промени и да создаде нови можности.
Заедништво
Градиме заедница на луѓе и на бизниси, кои веруваат во „моќта на приказната“. Ние сме тука да ги поврземе луѓето преку автентични содржини и искрени разговори.
Забранета е „жута“ штампа
Ние веруваме во важноста на квалитетното новинарство и автентичните приказни. Постојат доволно медиуми, емисии и поткасти фокусирани на сензационализам, пропаганда и „жута“ штампа. Анекта е тука да понуди содржини фокусирани на вистинските приказни и луѓето зад нив.
Нема ј*бени гратиси
Автентичното новинарство и искрениот труд не се бесплатни. Длабоко инвестираме во секоја приказна што ја раскажуваме, и затоа бараме поддршка од нашата публика. Вашата поддршка ни овозможува да продолжиме да создаваме квалитетни содржини и да ги истакнуваме приказните кои заслужуваат да бидат слушнати.
Анекта не е на продажба
Анекта е независен медиум кој не е на продажба, ниту за политички, ниту за бизнис интереси. Најлесно е да рекламираме лажни продукти, да земаме пари од партии или да работиме со компании кои не ги споделуваат нашите вредности. Но, ние веруваме дека автентичноста и интегритетот се клучни за нашата мисија.
+
Прегледи на YouTube
+
Прегледи на FB / IG
Локации за репортажи
Гости од регионот
+
Вкупно следачи
Поткаст епизоди
Репортажи
Колумни
 
                Теодора Цветковска
Основач и уредник на Анекта
Теодора Цветковска е истакната и наградувана македонска новинарка, најпозната како сопственичка и уредничка на Анекта, мултимедијална платформа посветена на раскажување приказни преку поткасти, теренски репортажи и настани.
Со страст за автентични приказни и посветеност кон квалитетно новинарство, Теодора ја основа Анекта со цел да ги истакне луѓето и нивните приказни кои често остануваат незабележани.
Нејзината повеќегодишна кариера во новинарството опфаќа неколку значајни улоги, вклучително и како стипендист новинар во Радио Слободна Европа во Прага, и репортер/новинар во ТВ Телма, каде има работено во информативната редакција и во „КОД со Снежана Лупевска“.
Претходно, Теодора има пишувано за повеќе медиуми, вклучувајќи ги „Факултети.мк“, „ПИНА“, „Радио МОФ“, „СКУП - Центар за истражувачко новинарство“ и „НОВА ТВ“.
Покрај новинарството, Цветковска има служено како член на извршниот одбор на Независниот синдикат на новинари и медиумски работници, застапувајќи ја слободата на медиумите, работничките права и етичките стандарди во Македонија. Исто така, има работено и како ментор за млади новинари и студенти во новинарскиот клуб на МОФ.
Теодора има добиено повеќе награди за својата новинарска работа, меѓу кои и два пати наградата „Гласник на невидливите“ од Македонската платформа против сиромаштија, во 2021 и 2024 година. Цветковска е исто така и алумни на програмата „Study of the U.S. Institutes for Student Leaders on Media Literacy“, организирана од U.S. Department of State.
Теодора пред новинарството има работено како медицинска сестра со хронично болни пациенти во Центар за дијализа, од каде и произлегува нејзината љубов кон раскажувањето приказни за луѓето и желбата да се помогне на другите. Таа верува дека секоја приказна има вредност и дека секој човек има право да биде слушнат.