Во оваа епизода тргнуваме на уникатна craft beer авантура низ Скопје!
Заедно со Магдалена од Трн, Гого од Sе и Дамјан од Пиволабс, прошетавме низ 7 локални барови кои се дел од мапата на скопската крафт сцена.
Во турата се вклучени: Трн во Око, Паб Порта, Сакам Пиво, Микропаб, Sе, Drunken Monkeys и Конак. Пробавме разни пива, зборувавме со луѓето зад шанковите и откривме како се гради една независна пивска култура во градот.
Екипата зад овој проект наскоро ќе лансира и веб-страница, а до тогаш мапата можете да ја најдете во било кое од овие места – и самите да се прошетате низ турaта. Наздравje! 🍻