Оваа интернет страна, со домејн www.anekta.mk во сопственост на Друштво за аудио и видео продукција АНЕКТА ДООЕЛ Скопје, е сервис создаден за корисниците со цел да овозможи пребарување, споредба  и/или купување на производи и услуги, како и месечни претплати.

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ

АНЕКТА ДООЕЛ не презема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт. 

Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме. За купување на производи и услуги преку www.anekta.mk важат редовните цени. 

Количините на некои од производите се ограничени. Согласно со тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите. Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на АНЕКТА ДООЕЛ.

Месечните претплати се неограничени и достапни веднаш, по моментот на наплата. Истите важат во рок од 30 дена, односно до датумот на кој сте платиле во наредниот месец од месецот на наплата. Наплатата на месечните претплати е предвидена да се одвива автоматизирано, односно ден пред истекот на претплатата преку вашиот метод на наплата ќе ви бидат повлечени средства. Доколку сакате да откажете месечна претплата, тоа можете да го сторите во секој момент, преку вашиот кориснички профил на оваа веб-страница. Доколку се решите да се откажете пред истекот на месечната претплата, ќе го задржите пристапот до сите услуги за кои сте платиле до истекот на претплатата. Не вршиме поврат на средства доколку се откажете порано од истекот.

Доколку ја злоупотребувате веб-страницата или вашата претплата, или пак вашиот пристап го споделувате со трети лица кои немаат платено месечна претплата, Анекта ДООЕЛ го задржува правото да ја изгаси вашата месечна претплата, без повраток на средствата. Против оваа одлука имате право на жалба преку нашиот систем за поддршка на корисници.

За какви било информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажбата можете да се јавите на телефонот нула седум седум – четири девет седум – три нула девет, кој е достапен во периодот од 09:00 до 17:00 часот или да нѐ комуницирате 24/7 преку нашата е-пошта: contact [at] anekta [dot] mk .

Политика на испорака на производи

Купувањето на физички производи преку нашата интернет страница можете да го реализирате од кој било дел на светот, но испораката ја спроведуваме на целата територија на Република С. Македонија.

Месечни претплати или дигитални производи автоматски се доставуваат на вашата е-пошта која ја имате оставено во системот.

Доставата е бесплатна, освен доколку не е наведено поинаку при купувањето.

Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Предвидено време за испорака е 72 часа (за државата) од моментот на потврдa на нарачката. Во согласност со нашите можности, производот ќе Ви биде доставен во најкус можен рок.

АНЕКТА ДООЕЛ го задржува правото да го продолжи рокот на испорака по претходен договор со купувачот.

Испораката на физички производи се врши преку нашата служба за испорака или преку надворешни соработници.

Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран на телефонскиот број оставен за контакт, заради потврдување на датумот и времето на испораката.

Доколку нарачката за физички производи е направена во петок по 15 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови. Ова не важи за дигитални производи и месечни претплати.

Испораката на производот се врши на адресата наведена за испорака од страна на купувачот.

Секој купувач е должен при преземање на производот да провери дали има евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува.

Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да информира веднаш, за да се преземат мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.

Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, Анекта ДООЕЛ не може да преземе никаква одговорност.

Прием на производи

Производот/ите се доставуваат до влезната врата на куќата, односно до влезот на станбената зграда.

Производот/ите се спакувани во соодветни кутии, како заштита од евентуални оштетувања и се осигурани од губење или оштетување за време на транспортот.

Евентуалниот приговор треба да биде упатен на телефонскиот број за поддршка на корисници и кај лицето кое ја врши испораката, во спротивно сите подоцнежни рекламации во однос на надворешни оштетувања на производот/ите нема да бидат прифатени.

Враќање и замена на производи

Купувачот има право да врати купен производ во период од 7 дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот.

Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот.

Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен.

Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка или Фактура-испратница кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот, трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.

КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА ИЗДАВАЧКАТА КУЌА МУЗА И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.