Анекта

Анекта е платформа која ги открива и раскажува приказните што заслужуваат да бидат слушнати!

Започнавме како поткаст кој ги истражува животните патишта на исклучителни личности од нашето опкружување, а денес прераснавме во медиумска платформа која создава документарни репортажи и организира настани кои ја поврзуваат публиката со инспиративни гости од целиот регион.

Нашата мисија е да ги извлечеме на површина оние приказни кои често остануваат незабележани, но носат важни пораки и инспирација за нашата заедница.

Благодарение на поддршката од нашата верна публика, Анекта продолжува да расте и да создава нови можности за поврзување и споделување на приказни.

Ги покануваме сите кои веруваат во нашата мисија да станат дел од оваа приказна. Секоја епизода, документарна репортажа и настан што го организираме е чекор напред во градењето на заедница која верува во моќта на автентичното раскажување и споделувањето на животни искуства кои нѐ инспирираат и поврзуваат.