Услови и процедура за рекламации

Во случај да имате било каква рекламација на производот или нашата услуга, слободно контактирајте нè. Ќе се потрудиме во најкраток рок да ја решиме настанатата ситуација во ваша корист, за да бидете задоволни со купувањето во онлајн продавницата на Анекта ДООЕЛ.

Условите и постапката за рекламации се утврдени со Правилникот за решавање на рекламации на потрошувачите на Анекта ДООЕЛ, кој е во согласност со Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите.

Доколку сте примиле пратка во која не се наоѓа нарачениот производ или се наоѓа производ што не сте го нарачиле, ако производот пристигнал оштетен или неисправен, ве молиме да нè известите во рок од 24 часа од приемот на пратката. Во овие случаи, се обврзуваме да ви го замениме производот, а сите трошоци за замена ги сноси Анекта ДООЕЛ. Потребно е производот да го вратите во оригиналното пакување. Доколку дефектот настанал како последица на несоодветна употреба, нема да можеме да ја прифатиме рекламацијата.


Производи без гарантен лист

Потрошувачот има право на рекламација за купениот производ за кој не се издава гарантен лист, поради недостатоци што настанале во рок од шест месеци од денот на купувањето. При рекламација, купувачот е должен:

Анекта ДООЕЛ е должна да го извести потрошувачот за одлуката по рекламацијата во законскиот рок од 15 дена од денот на приемот на рекламацијата и да го исполни основаниот барање од рекламацијата во дополнителен рок од 7 дена. Ако рекламацијата е основана, поради недостаток на производот, потрошувачот има право на:

Напомена: Потрошувачот нема право од претходниот став ако недостатокот на стоката настанал по негова вина.


Производи со гарантен лист

Потрошувачот има право на рекламација за купениот производ за кој се издава гарантен лист, поради недостатоци што настанале во рокот означен на гаранцијата, од денот на купувањето. При рекламација, купувачот е должен:

Овластениот сервис е должен да го отстрани недостатокот. Доколку не е во можност да го отстрани недостатокот, односно дефектот на рекламираниот производ, истиот издава потврда за тоа, што на потрошувачот му дава право на:


Поврат на средства и плаќање со картичка

Во случај на враќање на стоката и поврат на средствата на купувачот кој претходно платил со некоја од платежните картички, делумно или во целост, а без оглед на причината за враќање, Анекта ДООЕЛ е должна повратот да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro методите на плаќање. Тоа значи дека банката, на барање на продавачот, ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.

Анекта ДООЕЛ ги задржува сите права за промена на цената на производите. Ако сте нарачале производ по една цена и со таа цена сте го примиле на домашната адреса, а потоа цената е променета, имате право на поврат на износот што сте го платиле за производот.


Враќање на стока од други причини

Доколку потрошувачот сака да ја врати стоката од други причини, односно да го откаже договорот за купување, трошоците за враќање на стоката и парите одат на негов товар. Во овој случај, задолжително е стоката да се врати во исправна и некористена состојба и во оригиналното, неоштетено пакување.


Заклучок и контакт

Во согласност со Законот за заштита на потрошувачите и другите релевантни закони, гарантираме поврат на средствата на купувачот врз основа на исходот од процесот на рекламација. Во случај на враќање на стоката и поврат на средствата на купувачот, а без оглед на причината за враќање, Анекта ДООЕЛ е должна повратот да го изврши на начин како што е уплатен или по договор.

Доколку имате некоја друга приговор, ве молиме да ни испратите е-пошта на contact@anekta.mk (mailto:contact@anekta.mk) или да се јавите на 077497309, и ние ќе ви излеземе во пресрет во најкраток рок.