Феноменот Перо Антиќ: Македонско знаме на гради, бугарски пасош во џеб и лобирања за Вучиќ

Пишува: Теодора Цветковска

Со истетовирано македонско знаме на гради, двојно државјанство во џеб, македонско и бугарско, бившиот Sвездаш, македонски кошаркарски репрезентатвец, а сега и претседател на македонската кошаркарска федерација Перо Антиќ, му го чува грбот на Александар Вучиќ, неколку дена пред изборите во Србија. Во видеото тој реди низа пофалби за српскиот претседател и со јасна порака до српскиот народ дека: Србија не сме да стане. Ох, океј, добро Антиќу!

Антиќ беше присутен и на митингот на Вучиќ во Врање и притоа доби пофалби од претседателот на северниот сосед, а и самиот побрза видеото да го објави на својот Инстаграм профил каде што поддржувачите на СНС ракоплескаат во транс, додека како што Перо го нарекува во предизборната кампања неговиот пријател Аца му се заблагодарува на македонскиот и српскиот кошаркар. 

Е, сега малку се збунивме како новинари и како македонска јавност. Перо Антиќ има и српско дражавјанство? Смее да гласа на српските избори на 17 декември? 

Од каде храброста и образ да се излезе во кампања на политичка партија која не е од Македонија? Инаку се лутевме кога еден премиер од комшии дојде кај нас во посета и се вееја знамиња од „големи држави’. Не е ова исто? 

Но, тоа не е најстрашно во оваа ситуација. Ти, како Перо Антиќ можеш да поддржиш кого сакаш и на каков начин сакаш, но доколку тоа го правиш како обичен граѓанин од Македонија, Скопјанец, бивши играч во Sвезда.. Долга е листата. Но, не и како човекот кој е на чело на Кошаркарската федерација на Македонија. И, не станува збор за тоа дека оваа твоја политичка вклученост е валкана и невкусна или дека мојов текст е атак кон Вучиќ, тоа во оваа приказна е ирелевантво, ваквиот потег е спротивен на Законот за спорт, на Статутот на КФСМ и на Резолуцијата на ОН.

На пример, Стутутот на федерацијата е баш јасен, а верувам дека еден претседател на било која институција, агенција, министерство чита што потпишува. 

Во општите одредби во „Член 1“ во Статутот стои:

“Федерација е Здружение на граѓани што преку клубовите ги остваруваат и усогласуваат поединечните со општите и заедничките интереси на кошаркарскиот спорт во Република Северна Македонија. Федерацијата е деполитизиранаи забранува делување на политички партии во своите редови, за постигнување на политички цели и интереси.“

Ова значи значи дека и Претседателот на Федерацијата треба да биде деполитизиран и да не делува политички се додека му трае мандатот. 

Ова не е првпат Антиќ да ја искористи, а според многумина и да ја злоупотреби претседателската функција во КФСМ, откако пред неколку години на Црвена звезда за која играше и за која навива ѝ ја честита титулата во АБА на меморандум на Куќата на кошарката и со песна на Делиите. 

Во една емисија пред само три години Перо Антиќ зборува за тоа како на една средба спортистите се расправале за полтика, а спортот треба да е над политика, но очигледно во меѓувреме го сменил мислењето. 

Никој не е лут што станува збор за поддршка за оваа или онаа партија, само кои сме „ние“ што го поддржуваме Александар Вучиќ и лобираме да се гласа за него? КФСМ не е еден човек, па да се дрзнува да зборува во име на сите вработени таму, сите клубови и македонски играчи. 

Не во нивно име, не во име на граѓаните, и на крај не мое име Перо Антиќ!

Текстот е превод од белешката објавена на Слободна реч.рс. Срспката верзија на текстот прочитајте ја ТУКА.

Последни епизоди

Колумни

Спонзорства

Стани партнер на Анекта

Спонзорирај епизода на Анекта и промовирај го твојот бизнис, цел или кауза на нашиот поткаст.